Добијте ги вашите фотографии бесплатно!

#Pic2Go е иновативен спортски систем за споделување на вашите фотографии и видеа.
Само со регистрацијата на вашиот стартен број (после трката), вашите фотографии ќе бидат автоматски објавени на вашиот Facebook профил (претходно одобрено од вас).

Како работи Pic2Go?
Многу лесно! Внесете го вашиот стартен број и прифатете ја регистрацијата на Facebook.
За да работи целиот процес на препознавање, мора да внимавате вашиот стартен број и баркодот да бидат видливи пред, во текот на трката, и после трката.

 

Овој фото сервис се однесува само за учесниците во маратон, полумаратон и штафетниот маратон. Учесниците во штафетниот маратон треба да го внесат стартниот број на тимот (пример 505).

Ако се двоумите околу користењето на Facebook и вашата приватност.

Кога ќе се поврзете со Pic2Go апликацијата на Facebook, кликнете на паѓачкото мени за вашатата приватност во фотоалбумот кој ќе биде креиран од оваа трка и одберете ја опцијата “only me” или “само јас”. Во овој случај само вие ги гледате тие фотографии и можете да одберете која фотографија сакате да биде публикувана на вашиот профил.

Немате Facebook профил? Можете да креирате привремено профил на Facebook само за да ги превземете фотографиите и потоа можете да го избришите профилот. Или побарајте од ваш пријател преку неговиот Facebook профил да се пријави на апликацијата Pic2Go и да ги превземе вашите фотографии.

Овозможено од: