Пејсери – Виз Ер Скопски маратон 2026

Виз Ер Скопски маратон 2026 (4 октомври) отвора повик за пејсери за маратонската трка. Пејсерите имаат клучна улога во трката – да им помогнат на учесниците да го одржат посакуваното темпо и да го постигнат своето таргет време.

Пејсер тимови ќе бидат формирани за таргет времиња од 3:00 до 5:30 часа, на секои 15 минути. За секое време ќе има најмалку два пејсери (а каде што е можно и три), кои ќе трчаат со балони со означено време и со специјални пејсер маици. Бидејќи еден круг изнесува 21 км, пејсерите ќе бидат од поддршка и за учесниците во полумаратонот.

Бараме искусни, одговорни и мотивирани тркачи, со желба за тимска работа и комуникација со групата, кои ќе можат да одржуваат стабилно темпо и позитивна атмосфера за време на трката.

Што добиваат избраните пејсери:

  • Бесплатна регистрација за трката (или купон за бесплатна регистрција кој ќе може да го искористи друго лице доколку веќе сте регистрирани)

  • Специјална пејсер маица

  • Wizz Air ваучер во вредност од 50 ЕУР (се добива после завршување на трката)

  • Официјален дигитален сертификат „Pacer – Wizz Air Skopje Marathon 2026“

  • Промоција на нашите канали

Сите избрани пејсери ќе добијат детални инструкции и ќе учествуваат на онлајн брифинг, како и на брифинг на лице место пред трката, со капитенот на пејсерите, искусниот пејсер од Шпанија Jaime Gutiérrez.

Пријавувањето е отворено до 30 април 2026 или до пополнување на предвидените места.

Избраните кандидати ќе бидат известени по е-пошта.

Пријави се како пејсер: кликни тука