Тркач на неделата – Ивана Гeрчакова – Грче

Categories: Тркач на неделата

#ТркачНаНеделата

Ивана Гeрчакова – Грче. Рекреативна тркачка и триатлонка – финишер на IronMan 70.3 (полу ајронмен); планинарка, вработена во градежна фирма.

Во 2016 трчавте на Виз Ер Скопски маратон. Опишете ни го накратко тоа доживување преку вашето искуство, подготовки, чувството пред стартот, еуфорија, текот на трката, подршка на патека и покрај патеката, од публика…

За мене Виз Ер Скопски Маратон претставува најголем настан во годината. 2016 година се решив да трчам цел маратон, иако се размислував доста како сето тоа ќе излезе со високите температури, се покажа како преубаво и незаборавно искуство. Чувството и еуфоријата беше посебно изразено последните месеци, бидејќи како и на мене, а верувам на повеќето страствени трчачи кои патуваат по илјадници километри низ светов со цел да истрчаат некоја трка, едвај чекаат да трчаат дома на свое, со своја публика, во својот град каде израснале.

Колку е потребно за една девојка/жена да се подготви за маратон? Вие не сте професионалка, а со трчање и подготовка за маратон почнавте да се занимавате на 26? години. Воедно и работите со полно работно време…

Од секогаш сум се занимавала со спорт, на некој начин тоа било мојот животен стил. Со рекретивното трчањето започнав неодамна односно пред 4 години, најпрво започнав со мали дистанци, главната цел ми беше да ми се подобри здравствената состојба, да се ослабе некое кило повеќе … Меѓутоа со тек на време , доволно беше само да се пријавам на една трка и тоа да измени се. Истиот ден после трката следуваше: ова е премногу за мене, доста е прекинувам, се до моментот додека не преспиеш и следниот ден веќе бараш нова трка. Да признаам тоа ме држи до ден денесJ. Да се спремам за маратонот ми беше потребно околу шест месеци посветено трчање и на сето тоа ќе ја додадам плус и огромната желба во она што го правиш, зошто во спротивно сето тоа изгледа премногу тешко посебно за луѓе кои воедно и работат со полно работно време.

Вие сте една од малкуте девојки од Македонија кои имаат финиширано на half Iron Man (Iron Man 70.3). Oва е спорт кој врзува три дисциплини: пливање (1.9 km), велосипедизам (90km) и атлетика (трчање, 21.1km). Колку беше потребно да се подговтвите за овој предизвик?

Аххх, како да беше вчера. Финиширав IronMan 70.3 во Пула 2015 год. тоа беше една од трките која што тотално ме измени  и ми стана една од подрагите настани на која што сум учестувала. Ми го измени размислувањето, ми го измени погледот кон спортот. Нешто што цел живот ми изгледало недостижно и невозможно, стана реалност. Во 2017 година имав прилика да учестувам на слична таква трка во Задар, која што не беше брендирана под IronМan, меѓутоа ги имаше исти дистанци. Бев презадоволна од  целиот тој настан. Потребно ми беше околу година дена напорно и посветено вежбање. Мораш навистина од срце да го сакаш тоа што го правиш, зошто во спротивно секое станување во 5 часот наутро, вежбање понекогаш и до 3 тренинга, би било невозможно. После овие трки сфатив дека тоа е тоа и дека после толку лутање во спортовите, конечно тука се пронајдов J. Па и од тука дојде идејата да се пријавам и на full Ironman. Оваа година во Септември ќе учествам на IronМan Italy Emilia-Romagna и за прв пат ќе се пробам на тие дистанци, се е средено останува уште да се фокусирам на тренинзите и сум сигурна дека ова ќе биде една долга незаборавна авантура.

Што би ги советувале момците и девојките кои допрва почнуваат да се занимаваат со трчање и кои можеби годинава прв пат ќе се пробаат на (полу)маратон, од ваше искуство, на што да внимаваат, кои погрешки да ги избегнат?

Оние кои што започнуваат сега, би ги советувала да продолжат, да не се откажуваат и да си дадат време кога сево ова ќе стане уживање. Нема некоја посебна рецепта да тоа и тоа се направи, тоа и тоа се избегне пред трка, едносноставно сите сме различни и сите различно фукционираме околу тие работи. Мислам дека со тек на време, со самите тренизи, трки, веќе секој најубаво знае што и како му е потребно.

Ивана, ова прашање им го поставувам на сите соговорнички. Живееме во доста интересен, динамичен период за жените во светски рамки. Сѐ погласно се дискутира за сеуште мала засапеност на жените на работни функции во сите општествени структуру, помали можности за еднакво образовани, актуелни се движењата како Time’s Up и #MeTooна социјалните мрежи.Скопски маратон излезе со мала статистика за застапеност на Македонките на маратонската дисциплина низ годините и не се завидни. Што мислиш, на што се должи ова? Дали сеуште жената во нашето општество е повеќе “домаќинка“ отколку активен двигател на општествените движења?

Ах болната тема J . Живееме во еден свет каде се уште за жал жената е асоцијација на домаќинка, и ништо друго. Генерално гледано околу спортот, застапеноста на жените е значително мала. Последниве неколку години тоа почна да се менува, како пример ќе го посочам Виз Ер Скопскиот Маратон, каде бројот на учесници –жени, од година во година расте, нешто почна да се придвижува кон подобро, сето тоа се движи со минимални чекори, меѓутоа има надеж… и сето тоа благодарение на храбрите жени што им пркостат на сите поставени препреки.

Совет за мажите во поддршка на жените за да ги мотивираат да трчаат и учествуваат и во маратонската трка. Колку е важно тоа? Колку е важно ние жените да се поддржуваме повеќе?

Без поддршка од посилниот пол, ништо не правиме J. Поддршката е неизбежен дел и е потребна на секому што навлегол во спортските води, за да се биде што по истраен во сето тоа. Важен фактор во целиот тој процес на подготвување.

Интервјуира: Весна Кираџиева