Најчесто Поставувани Прашања

 

Не треба ништо да направите. Вашата регистрација важи и за новиот термин, 4 октомври 2020. Може да ја проверите стартната листа. Доколку не сте пријавени може да се пријавите, повеќе инфо на следниов линк http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/
Пријавите се отворени до 15 септември 2020.
Виз Ер Скопски Маратон се одржува на 04. октомври 2020 (недела).
Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон е во 08.30ч.
Стартот на трката на 5км е во 08.35 часот.
Повеќе информации за пријавувањето може да најдете на следниов линк http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/
- Крајниот рок за пријавување на сите трки е 15 септември 2020. Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Дали има ограничен број на планирани учесници по што се затвора пријавувањето? - Да. Пријавувањето може да биде затворено и пред предвидениот рок (15 семпември 2020) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета или да се продолжи доколку не се пополни планираната бројка на учесници.
Да. Виз Ер Скопски Маратон е отворен за сите кои сакаат да учествуваат, без разлика на претходно искуство со ваков тип на трки. Наша препорака е доколку сте почетник, да учествувате на пократките трки, но доколку сакате да учествувате на полу/маратон, да почнете да се подготвувате со тренинзи неколку месеци порано. Секој може да се пријави и учествува!
Да. На полумартонската трка минимална старосна граница е наполнети 16 години на денот на трка, додека за маратон минимал старосна граница е наполнети 18 години на денот на трка. За останатите трки нема лимит во однос на старосна граница.
Услов за учество на маратонската трка е на денот на трката да сте постари од 18 години.
Услов за учество на полу маратонската трка е на денот на трката да сте постари од 16 години. Доколку на своја одговорност сакате да учествувате, мора да донесете согласнот од родител/стартел заверена на нотар.
Подигнувањето на стартните пакети за Виз Ер Скопски маратон 2020, ќе биде на 2 и 3 мај. Локацијата ќе биде дополнително објавена.
При подигање на стартните пакети потребно е да се покаже потврдата која ви е испратена на емаил или документ за лична идентификација, лична карта или патна исправа за странските натпреварувачи. Без овие документи нема да може да се подигне стартниот пакет.
Не. На денот на трката (4 октомври 2020ј) нема да се издаваат стартни пакети.
Да. Може друг да го подигне вашиот стартен број. Сѐ што треба е да се покаже меилот за потврда за регистрација кој сте го добиле при регистрација и документ за идентификација при подигнувањето на вашиот стратен број.
Стартот на трките ќе биде во близина на Трумфална Капија. Само на натпреварувачите со стартниот број ќе им биде дозволен влез во зоната на стартот. Во првата зона ќе бидат елитните маратонци и маратонците, зад нив учесниците на полумаратон и штафетен маратон.
Стартот на трката на 5км ќе биде на истата позиција каде е стартот на останатите трки, во близина на Трумфална Капија, со таа разлика што учесниците на оваа трка ќе се постава во зоната за старт ОТКАКО ќе старуваа учесниците на полу маратон, маратон и штафетен маратон.
Најдобро е да бидете еден час порано во зоната околу стартот за да навремено ги завршите сите обврски, како пресоблекување, тоалет, оставање на вишокот гардероба на безбедно и позиционирање во стартната зона. Во својата стартна зона најдобро е да бидете 20-30 минути пред стартот.
Ве молиме немојте! Вашиот стартен број е ваша идентификација и без него нема да може да стартувате, ниту да ви се мери времето. Наша препорака е да го подготвите вашиот стартен број еден ден однапред заедно со безопасни кои ќе ви бидат дадени во стартниот пакет.
Стартниот број треба да биде закачен на предниот дел од вашата маица за да во текот на трката бидете препознати и за да може контролите за мерење на време да го регистрираат вашиот чип. На Виз Ер Скопскиот маратон 2020 ќе се користи чип за мерење на времето прикачен на задната страна на стартниот број кој ќе го регистрира вашето време. Чипот не е лепенка, ве молиме не го виткајте во обид да го одлепите бидејќи на тој начин е можно да го оштетите. Вашиот стартен број содржи важни информации затоа е важно да се почитуваат правилата.
Да. Освежителни станици со вода, електролити, суво овошје и лимони ќе има на осум точки по патеката за полу/маратон и една за трката на 5км.
Да. Според правила на ИААФ, носење на слушалки не е дозволено, но за рекреативните тркачи кои не се натпреваруваат за топ 10 позиции, организаторот на Виз Ер Скопски Маратон има флексибилни правила и дозволу трчање со слушалки. Наша препорака е за ваша лична безбедност, да го намалите тонот и да трчате со само една слушалка, за да може непречено да слушате инструкции од судиите, редарите, останатите напреварувачи или непредвиден сообраќај на улиците.
Не. Присуство на велосипед или било кое друго возило на тркала на патеката е СТРОГО ЗАБРАНЕТО и секој велосипедист ќе биде отстранет од патеката, а учесникот кого го следат ќе биде дисквалификуван. Правилата важат за сите учесници, без исклучок. На патеката ќе можат да се движат велосипеди кои имаат дозвола за движење и се за потребите на организаторот.
Да. Временскиот лимит за маратон, полумаратон и штафетен маратон е 5 часа и 30 минути од почетокот на трката, а за трката на 5 км е 1 час од почетокот на трката. По зададениот рок сите натпреварувачи ќе бидат одстранети од патеката, а улиците ќе бидат отворени за сообраќај, по што не ја гарантираме вашата безбедност.
Не. Жалиме поради повредата, но немаме можност за повраток на финансиите за котизација без оглед на причините кои ве спречуваат да не учествувате на Виз Ер Скопски Маратон оваа година.
Да. Целата патека ќе биде видно обележана ќе има редари и волонтери на критичните точки и секој километар ќе биде јасно маркиран за да знаете уште колку километри имате до крај. Следете ја сината линија на асфалтот со која ќе бидат обележани некои делови на патеката.
Да. Медицинска екипа со медицинско возило ќе има на две места на патеката, плус едно мобилно амбулантно возило. Доколку ви е потребна лекарска помош на одреден дел од патеката побарајте помош од волонтерите.
Не. Секој учесник трча на сопствената одговорност за своја психофизичка подготвеност, за што организаторот не сноси одговорност. Доколку сметате дека ви е потребен лекарски преглед пред трката, ве охрабруваме да го сторите тоа на време.