logoEvroinsОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ - НЕЗГОДА

Сите учесници на ВИЗ ЕР СKОПСКИ МАРАТОН 2015 со плаќање на котизацијата добиваат и бесплатно осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот, поточно од 08:00 до 15:00 часот на датумот на одржување.

 

Осигурени опасности (ризици)

  1. Газење, судрување
  2. Удар со некаков предмет или на некаков предмет
  3. Удар од гром
  4. Паѓање, лизнување
  5. Убод со некаков предмет
  6. Прснување на мускулите исколчување, прснување на зглобните врски
  7. Кршење на здрави коски што ќе настане поради нагли телесни движења или ненадејни напрегнувања предизвикани од непредвиден надворешен настан, доколку тоа непосредно веднаш по повредата е утврдено во болница или друга здраствена установа.

Осигурена сума (лимити на исплата во случај на штети)

Смрт од незгода

100.000 ден

Траен инвалидитет

200.000 ден


Штетен настан

Во случај на штета учесникот на ВИЗ ЕР СКОПЈЕ МАРАТОН 2015 е должен да го извести ЕВРОИНС Осигурување во рок од два работни дена.

Потребни документи за пријава на штета
Пријава на штета - Барање за надомест на штета
Полиса (или да се наведе бројот на полиса во пријавата)
Лекарска документација
Трансакциона сметка

Дополнителна документација потребна во случај на смрт
Архивски заверена Потврда за платена котизација за учество на маратонот. Лекарска потврда за причина на смртта, отпусна листа. Извод од матичната книга на умрени на осигуреникот/Извод од матична книга на умрени на член од потесното семејство (доколку има некој починато). Извод од матична книга на родени за децата. Решение за старателство (доколку корисникот е малолетен). Ако не е назначен корисникот потребно е целото семејство да дојде во друштвото со лични карти и да даде изјава за одредување корисник на одредена сума.

НАПОМЕНА:

  1. Осигурувачот го задржува правото во постапката на решавање на оштетното побарување да побара и друга документација покрај наведената за докажување на штетниот настан
  2. Барањето на штета задолжително треба да бидe потпишанo
  3. Оштетениот или негов полномошник е должен потребната горенаведена документација да ја достави во Евроинс Осигурување АД Скопје во рок од 30 дена. Во спротивно барањето ќе биде одбиено

 

Со почит,
Евроинс Осигурување