Секогаш е подобро да се подготвите за маратонската трка според некоја тренинг програма, изработена од стручни лица. За Виз Ер Скопскиот маратон во соработка со македонската рекордерка во маратон, Весна Кираџиева, изготвивме две тренинг програми. Едната е за почетници, а другата е за рекреативци кои веќе некое време тренираат и имаат истрчано барем еден полумаратон или маратон. Доколку имате било какви прашања во врска со програмите или ви треба помош во реализирање на истите, ве советуваме да се обратите до Весна на vesna.kiradjieva@gmail.com

ВНИМАНИЕ! Овие програми се за 24 недели до Виз Ер Скопски маратон, односно 6 месеци. Кога и да се приклучите на програмите, почнете од  1-ва недела: пр. доколку се приклучите на 4 недели до Виз Ер Скопски маратон, не почнувајте со програмата за последните четири недели, туку со првите три и последната до Виз Ер Скопски маратон. Така ќе избегнете повреди кои може да настанат поради префорсирање на телото кое не може толку брзо да се адаптира на настанатите промени на кое не е навикнато. Затоа, најдобро да одите свежи и неповредени на трка, отколку да се исфорсирате, да стекнете повреда на неколку дена пред трка и да не можете воопшто да настапите. А верувајте, доколку не сте ја тренирале зимата, со 3-4 недели тренинг пред трка нема да го надокнадите изгубеното.

Совет плус: програмите кои ги наоѓате на интернет, (како и овие) се општи, пластични и нефлексибилни на вашите лични физички способности. Затоа е најдобро секогаш да се консултирате со тренер кој ќе знае програмата да ја адаптира во сооднос со вашиот секојдневен напредок, дневни обврски, но и да ви даде совет доколку чувствувате замор, болка или психичка несигурност и пад на мотивација.

Затоа, тренирајте полека, трпливо и паметно.

Среќно!