Повторно организираме конкурс за најдобар транспарент (натпис) од нашиот маратон. Да ја видиме креативноста и бројноста на нашите навивачи на дело!
Правилата се следни:
– Објавете фотографија и тагирајте нѐ на ФБ и Инстаграм, користејќи #SKMBestTransparent24;
– Испратете ни фотографија од вас покрај патеката за времетраење на Виз Ер Скопски маратон на меилот expo@skopskimaraton.com.mk;
– Конкурсот трае од 06.10-12.10.2024г.
– Транспарентот (натписите) треба да биде лично дело и да не е преземен од други автори;
– Награда може да добие само тој кој го креирал транспарентот, но не и тој што го фотографирал;
– Најдобрите 5 транспаренти ќе бидат ставени на гласање од јавноста и од комисија за транспаренти составена од маратонци – уцесници на СКМ2024.
——–
Се оценува идејата и изведбата на транспарентот (натписот), не се оценува уметничкиот квалитет на фотографијата. Сепак ве охрабруваме да ни испратите што подобри фотографии.
Со пријавување на транспарентот (натписот) се согласувате организаторот (Виз Ер Скопски маратон) да ја користи фотографијата од делото единствено за промоција на Виз Ер Скопскиот маратон, со референца за авторот на делото. Виз Ер Скопски маратон не подлежи на никаква финансиска или друг вид компензација за печатење или јавно прикажување на делото.
————
Најдобрите 3 транспаренти (натписи) на Виз Ер Скопски маратон ќе бидат наградени со следниве награди:
1 место – Wizz Air авио ваучер во вредност од 250 ЕУР
2 место – Брендиран дуксер од Виз Ер Скопски маратон
3 место – Брендирана маица од Виз Ер Скопски маратон
Сите финалисти добиваат сувенири од Виз Ер Скопски Маратон.
Ги очекуваме вашите навивачки транспаренти!