logo-acc

Подигнувањето на стартните пакети за Виз Ер Скопски маратон 2017, ќе биде на 5 и 6 мај во Хотел Парк и Спа, од 10 до 19 часот.
Хотел Парк и СПа се наоѓа веднаш позади Северната трибина на Градскиот стадион.

При подигање на стартните пакети потребно е да се покаже потврдата која ви е испратена на емаил или документ за лична идентификација, лична карта или патна исправа за странските натпреварувачи. Без овие документи нема да може да се подигне стартниот пакет.

ВАЖНО! На денот на трката (7 мај) нема да се издаваат стартни пакети.