Зошто Школа за трчање?

Секоја година се повеќе и повеќе се зголемува бројот на учесници на сите трки (5км, полумаратон и маратон) во рамките на Виз Ер Скопски маратон. Интересот за трчање секоја година расте и потребата за едукација околу трчањето станува се повеќе барана. Тука пред се мислиме на луѓе чија цел е рекреативно да трчаат и да го прифатат здравиот начин како дел од својот живот. За таа цел еден од нашите најдобри тркачи надолги патеки, Кокан Ајановски, организира Школа за трчање која ќе им помогне на луѓето кои сакаат рекреативно да се занимаваат со трчањето. Долгорочната цел ќе биде секоја година во школата да се вклучуваат нови заинтересирани кандидати и со тоа да се зголеми бројот на луѓе кои што ќе учествуваат на трките на Виз Ер Скопски маратон и ќе трчаат рекреативно или професионално. Освен водењето на почетници во трчањето, целта на ова школо ќе биде и формирање и водење на напредни групи кои ќе осигураат добри резултати и долгорочно бавење со рекреативното трчање.

Секој што ќе се пријави во Школата за трчање добива:

  • мерење на телесните параметри (висина, тежина, процент на масни наслаги, индекс на телесна маса, калориски потреби итн.);
  • едукација околу правилна исхрана и здрав и активен начин на живот;
  • индивидуална програма за тренинг до Виз Ер Скопски маратон;
  • 2 до 3 групни тренинзи – трчање на кеј на Вардар со времетраење од 45 мин. до 1ч.30 мин ( работен ден,сабота и недела);
  • може да се пријавуваат кандидати што ќе трчаат 5км и 21км;

Кокан АјановскиИнструктор и промотор на Школата за трчање ќе биде Кокан Ајановски член на АК Работнички, маратонец, државен првак на Македонија во повеќе дисциплини (полумаратон, 10.000 м , 5.000 м., планинско и крос кантри трчање) и репрезентативец на Македонија.

 

 

 

Најчесто поставувани прашања:

1 Колку чини школата за трчање?
Промотивната цена на членарината за Школата за трчање до почеток на Виз Ер Скопски маратон изнесува 700 денари. Членарината се плаќа на првиот час.

2 Кој може да трча во школата?
Школото за трчање е добредојдено за сите кои се полнолетни. Често луѓето се плашат и мислат дека се престари, дека имаат вишок на килограми, дека ‘’не се за трчање’’… Единствено што е неопходно е тие да бидат здрави и да им е здравствено дозволено да можат да се занимаваат со трчање.

3 Како да се пријавам?
За да се пријавите во Школата за трчање потребно е да ја пополните пријавата на овој линк. Откога ќе се пријавите на емаил или на телефон ќе бидете контактирани за почетокто на Школата за трчање.

4 Кога започнува Школата за трчање?
Школата за трчање започнува на 17 март 2014. Бидејќи Школата ќе трае преку целата година, во секој момент може да се приклучат нови кандидати кои веќе имаат некое искуство со трчањето ( да трчаат 2-3 пати неделно по 20 -30 минути).

5 Кога се тренинзите и колку траат?
Тренинзите се одржуваат 2 до 3 пати неделно (2 за викенд и/или еден во текот на работната недела). Термините се приспособени согласно на членовите во соодветната група. Тренинзите траат од 45 до 90 минути.

6 Зошто Школа за трчање?
› стручно водени тренинзи
› предавање за трчање
› тренирање во група
› дружење
› награди од спонзорите
› едукација за исхрана и здрав и активен начин на живот
› школо кое никогаш не престанува

7 Мора ли на крајот да учествувам на трки и маратони?
Не. Целта на Школата за трчање е да ве научи на основите во трчањето и соодветните правила , за да може во иднина и сами доколку посакате да се бавите со трчање. Трчањето на трки е во друг план. На крајот од школото за трчање секој ќе има знаење како да истрча трки од 3.000 метри до полумаратон. Секој сам си одлучува дали ќе трча на трки или не. Исто така, во школото се пријавуваат и оние кои сакаат да го истрчат својот прв полумаратон или да си го подобрат своето најдобро истрчано време на одредена трка. Овие кандидати се водени по посебен програм специјално подготвен за таа намена.

8 Каква опрема треба да имам за време на тренинзите?
Во трчањето од опрема, најважен дел се патиките,по можност тие да бидат за трчање. Останатиот дел ( хеланки,шорц,дрес,тренерки,маички) се во втор план и секогаш треба да се прилагодат соодветно на моменталните услови за трчање,односно согласно на годишното време.

9 Имам дополнителни прашања во врска со Школата.
За сите дополнителни прашања може да го контактирате Кокан Ајановски.
тел: 078 402665
е-маил: k_ajanovski@yahoo.com
Facebook: http://facebook.com/kokan.ajanovski

 


[ninja_forms_display_form id=6]