Право на учество во маратонската трка имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
- на денот на трката да се постари од 18 години

Котизација за маратон
до 30 ноември 2016 до 31 јануари 2017 до 31 март 2017 до 30 април 2017
850 денари
950 денари 1100 денари 1250 денари

 

Содржина на стартен пакет:
- Dry-fit маица со логото на трката
- Стартен број со чип (за извршена регистрација до 31 март 2017 на стартниот број ќе биде испечатено и името од пријавата)
- Торбица
- Персонално видео
- Медал на крај од трката
- Маратон магазин со инструкции
- Освежување и овошје
- Онлајн диплома
- 20 ЕУР вредносен ваучер од Wizz Air (кликни тука за повеќе информации и условите за користење)
- Ланч пакет на целта
- Осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот
- Подарок од партнерите на маратонот

Пријави се за полумаратон Учесник во 2015? Кликни тука

plava-linija

Напомена: Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (30 април 2017) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета или да се продолжи доколку не се пополни планираната бројка на учесници. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата ќе се реализира преку нашиот партнер Smart Race Club. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).