Тркачи! Ве чекаме на хуманитарна Pasta Party на 5 мај

Драги тркачи оваа година организираме за вас Pasta Party која ќе има хуманитарен карактер. Виз Ер Скопски маратон во соработка со Амбасада на Република Италија и Парк Хотел и Спа како поддржувачи на „Проект Среќа“ ќе организираат хуманитарна забава за сите учесници на Виз Ер Скопскиот маратон во склоп на акцијата “Здраво шампиони“. Забавата ќе се одржи на 5 мај (сабота) од 18.00 до 21.00 во Парк Хотел и Спа.
Средствата кои ќе се обезбедат од продадените ваучери на Pasta Party, ќе се наменат за деца кои живеат во социјален ризик, а за нив ќе биде обезбедена бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови. На оваа акција се придружи и Агенцијата за млади и спорт.

На Pasta Pаrty во Парк Хотел и Спа се поканети сите учесници на Виз Ер Скопски маратон, а ваучерот за една порција одлична италијанска паста ќе може да се купи по цена од 100 денари на самата забава или на Маратон Експо кое ќе се одржи на 4-ти и 5-ти мај во Парк Хотел и Спа каде и ќе се подигнуваат стартните пакети.