Slikatext

Виз Ер Скопски маратон, и оваа година ќе вклучи пејсмејкери во полумаратонската трка. Пејсмејкерите се тркачи, кои ќе ви помогнат да го постигнете вашето очекувано време во полумаратонската трка. Бараме по двајца пејсмејкери за секое од следниве целни времиња:
1:30 (ПМ)
1:45 (ПМ)
2:00 (ПМ)
2:15 (ПМ)
2:30 (ПМ)

За таа цел објавуваме повик до сите заинтересирани кандидати, кои имаат капацитет, физичка подготвеност и желба да бидат пејсмејкери на некоја од наведените целни времиња, да ни ги доставите следниве податоци:

  • Име и презиме;
  • Година на раѓање;
  • клуб (доколку има);
  • држава;
  • резултати на маратони од трки од септември 2015 година до денес;
  • список на полу маратони на кои сте учествувале од јануари 2015 година до денес (со цел да ја провериме веродостојноста на резултатите).
  • број на истрчани маратони или полумаратони во вашата кариера;
  • контакт телефон и емаил

Од пејсмејкерите се очекува сериозен пристап кон задачата што  ја прифаќаат, бидејќи голема група тркачи кои ќе целат кон некои од овие резултати ќе се потпрат токму на темпото што  го наметнуваат пејсмејкерите.
Секој пејсмејкер кој  биде избран ќе добие бесплатна котизација за учество на Виз Ер Скопски маратон и награда од нашиот партнер Стопанска Банка АД Битола.

Вашите пријави испраќајте ни ги на info@skopskimaraton.com.mk